Шкендија се враќа во Тетово, сите мечеви од 6.коло се играат во недела!

1200

Добра вест за сите во Шкендија. Имено тимот се враќа дома, теренот е реконструиран и сега можат тетовци да играат на Градскиот стадион или „Еколог Арената“. Прогнозите беа дека Шкендија нема да игра цела есен на својот стадион, но ете, се направија напори и сега се е во ред.

Инаку Шкендија во недела дома ќе игра против Македонија ЃП. Ова ќе биде прв меч на Шкендија сезонава кој ќе го игра под Шара.

Да споменеме дека во недела се играат и сите останати мечеви од 6.коло. Значи во сабота нема да има прволигашки фудбал, а во недела покрај мечот Шкендија – Македонија ЃП, од 16 часот се играат и А. Пандев – Струга ТЛ, потоа Брегалница – Шкупи, Скопје – Победа, Силекс – Тиквеш.

Работнички во ова коло ќе биде слободен.

ПретходноБитолчани го одржаа првиот тренинг „Крешимир Ќосиќ“ (ФОТО)
СледноГерманија му оддаде голема чест на Новицки – го повлече дресот со број 14 (ВИДЕО)