Вечерва се затвори 4.коло во Серија А, и тоа со мечевите Аталанта –Торино и Болоња- Сампдорија. Во Бергамо домашниот состав со 3:1 славеше нови три бода против Торино, па така сега се наоѓа на делба на првото место со Рома, и двете екипи имаат по 10 бодови.
Копмеинерс во 45+3.минута и во 47.минута стрелаше двапати во мрежата на гостите,кои пак во 77.минута преку Влашиќ успеаја да намалат на 2:1.Но тоа не беше се од Копмеинерс,кој во 84.минута од пенал стрелаше за 3:1.
На другиот меч Болоња како домаќин одигра 1:1 против Салернитана, значи Болоња никако да победи сезонава.Арнаутовиќ во 52.минута од пенал погоди за водство на домашните, но Диа во 88.минута со гол му донесе бод на тимот од Салерно.