Валтер: Ништо однапред не се знае, сите опции се отворени!

112

Ларс Валтер е предводникот на Е. Пелистер во новата сезона. Данецот дојде на местото на Жељко Бабиќ и веднаш ги “размрда“ работите во тимот. Е. Пелистер се пласира на завршницата од СЕХА лигата. Тој смета дека ова и за него е голема шанса, а на денешната прес конференција во Задар тој не го криеше своето воодушевување од битолскиот клуб.

Е.Пелистер во полуфиналето за ривал го има Веспрем, кој е фаворит.

Знаете, кога бев млад тогаш Пелистер беше голем клуб на Балканот, ако сте на мои години тогаш сигурно знаете за Пелистер. Во последниве години клубот се искачи на повисоко ниво, сега има доброи шанси да се бори за титули. Ова е добра шанса и за мене како тренер. Мислам дека нема што да загубиме. Ова е спорт, ништо однапред не се знае, сите опции се отворени за мечот со Веспрем“ посочи Валтер.

Инаку вечерва битолчани ќе тренираат во Арената “Крешимир Ќосиќ“ каде утре ќе се игра мечот со Веспрем.

ПретходноЛесјак: Е. Пелистер заслужи да биде тука во Задар!
СледноНуркиќ и Муса “главни“ во триумфот на БиХ против Унгарија!