Мемфис Депај самиот објави дека останува во Барса,откако не успеаја неговите менаџери да се договорат со Челзи. Имено “сините“ од Лондон сметаа дека доволно ќе им биде Обамејанг. Па така пропадна “бомбата“ која цел фудбалски свет ја очекуваше, имено Бернардо Силва требаше да дојде на “Камп Ноу“. Сепак ни Сити не бил премногу воодушен со оглед на тоа дека немало време за да се дојде до негова замена. Тоа значи дека Депај останува во Барса а Силва во Манчестер Сити.