Драма на меч во БиХ: Колабираше и двапати паѓаше во несвест

282

На натпреварот од Премиер лигата на Босна и Херцеговина меѓу Посушје и Железничар (1:2) се случи вистинска драма поради која натпреварот беше накратко прекинат. Лука Бегиќ во судиското надополнување влезе во шеснаесетникот на Железничар за да му донесе бод на Посушје, па се обиде да постигне гол со ножички, но наместо гол доби повреда.

Бегиќ силно падна на грбот и го повредил вратот, по што загубил свест. Фудбалерите на двата тима притрчаа до него, го свртеа на страна, но тука не беше и крајот на драмата…

Откако Бегиќ се освестил и станал, повторно падна на тревата и повторно загубил свест. Брзата помош го однела Бегиќ во болница, а според првите информации се чини дека се здобил и со потрес на мозокот. Лекарите го задржале на болничко лекување и понатаму ја следат неговата состојба.

ПретходноМилан има нови сопственици кои за мнозинскиот пакет акции платија 1 милијарда евра!
СледноВо 5 до 12: Ливерпул најде засилување во средниот ред