Евробаскет 2022: Јокиќ, Лука, Јанис…мега-спектаклот може да почне!

163

 

Денеска стартува ЕВРО 2022 во кошарка. Настан кој го чекавме цели пет години, познато е и зошто. Последното ЕП се одигра во 2017 година кога Словенија стана првак и затоа сега ќе ја брани титулата.

Се одржува од 1 до 18 септември и тоа во четири земји – Чешка, Грузија,Италија и Германија.

Ќе учествуваат најдобрите 24 селекции поделени во четири групи,кои ќе играат во пет градови домаќини.

За жал ќе ја нема Македонија,но затоа ќе може да се следи вистински мега-спектакл. Според некои проценки ова ќе биде едно од најсилните првенства на Стариот континент, и се поради фактот дека за своите селекции ќе играат големите НБА ѕвезди Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Антетокумпо и уште многу, многу други.

Квалитетот, амбициите секако дека најавуваат големи мечеви, голема борба за трофејот. Словенија, Србија, Грција… се големите фаворити. Но како и на секое ЕВРО секако дека ќе има и изненадувања.

Да кажеме дека најдобрите четири екипи од секоја група ќе се пласираат во следната, нокаут – фаза. Финалето е закажано за 18 септември во “Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин.

ГРУПА-А:

Црна Гора, Грузија, Шпанија,Бугарија,Белгија, Турција.

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА А: Шпанија со нов изглед и со тешки предизвици во Тбилиси

-Натпреварите се играат во „Тбилиси Арената“ во Тбилиси (Грузија).

Вака на прв поглед Шпанија се истакнува како фаворит, но сепак “фуријата“ веќе нема така звучни имиња како порано.Турција и нашиот Џеди Осман секако дека е квалитетен состав, Грузија како домаќин, но без Шенгелија, исто ќе биде со големи амбиции. Додека допрва ќе видиме што можат Ц. Гора, Белгија и Бугарија.

ГРУПА-Б:

Франција, Литванија,Словенија, Германија,Унгарија, Босна и Херцеговина.

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА Б: Четири кандидати за медал во една група

-Натпреварите се играат во “Ланксес Арената“ во Келн.

Реално ова е најсилната група. Словенија со Лука, Франција со Гобер, потоа Литванија, Германија.Тоа се фаворитите во групата Б, но не смеат никако да се потцени БиХ со Нуркиќ, како и Унгарците.Јасно е дека овде ќе има многу борба на паркетот во “Ланксес Арената“ во Келн.

 

ГРУПА-Ц:

Грција, Италија,Хрватска,Украина, Б. Британија,Естонија.

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА Ц: Сите сакаат да стават крај на периодот без европски подиум

-Натпреварите се играат во Арената во Милано.

Уф, Грција со Јанис и Италија без Галинари. Непосредно пред почетокот на ЕВРО домашната селекција се здоби со силен удар, поради повреда ќе го нема Галинари. Хрватска и Украина има што да кажат, додека Естонија и В.Британија ќе се надеваат на остварување на своите амбиции.

ГРУПА-Д

Србија, Чешка, Полска,Финска, Израел, Холандија.

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА Д: „Човекот што ги сака коњите“ зазема централно место во Прага

-Натпреварите се играат во Арената во Прага.

Нема дилеми дека фаворит бр.1 во групата е Србија предводена од Јокиќ. Нашиот северен сосед има големи амбиции на ова ЕВРО. Не би требало да се мачи во групата, но сепак треба да се види. Знаат Србите понекогаш да бидат и непредвидливи. Треба да се смета на домашната Чешка, секако на Израел, Полска. Финска и Холандија не смеат да се потценат.

ПретходноЕ. Пелистер е во Задар: Почнува „Операцијата Веспрем“ (ФОТО)
СледноМилан има нови сопственици кои за мнозинскиот пакет акции платија 1 милијарда евра!