Германија, еден од домаќините на Европското првенство 2022 со победа го отвори шампионатот. Во првото коло оваа селекција ја совлада Франција со 63-76 пред преполните трибини во „Ланксес Арена“.
Домашните фанови ужуваа вечерва во спектаклот, кој почна со Дирк Новицки и свечената церемонија по повод повлекување на дресот со бројот 14, а потоа заврши со триумф на Герамнија, која имаше контрола на средбата уште на стартот.
По првото полувреме поведе со 31-38, додека во третата четвртина ја најави победата. Овој период го доби со 19-12, во продолжение не им остави просто на Французите да се вратат.
Тиман со 14 поени ја предводеше Германија, кај Франција Јабуселе имаше 18 поени и 4 скока.
Со оваа средба се комплетираше првото коло во групата Б, во која победи уште забележаа Босна и Словенија.
Претходно Белгија ја совлада Грузија после продолжение со 79-76.