Иван Галевски според “Спортмедиа“ го одбележа ова 5.коло. Само што дојде во Прилеп, направи трансфер од Струга ТЛ во Победа, Галевски му го донесе првиот бод на прилепскиот тим и тоа со каков маестрален потег и тоа среде Чаир и тоа против шампионот Шкупи. Едноставно си се прошета низ одбраната на Шкупи а потоа следуваше удар за 1:1.
Покрај Галевски од составот на Победа во тимот на колото се и голманот Тофилоски и стоперот Паноски.
Струга ТЛ го победи Силекс во дербито и сега има пет од пет. Пере како и стрелците Ибраими и Шабани се во тимот на колото. Работнички одигра добро, освои бод во Ѓорче а заслужни за тоа се Велкоски и Исмаили. А. Пандев беше убедлива со Скопје, Митровски беше во главна улога. Шкендија со 3:1 славеше во Кавадарци, Хасани и Дориев беа едни од најзаслужните.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ИВАН ГАЛЕВСКИ
Тим: Победа
Роден: 15.10.1996 во Скопје
Кариера: Еуромилк, Пехчево, Луситано (ПОР), Силекс, Струга ТЛ, Победа