Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во 3.коло на УС Опен. Таа беше подобра од Украинката Марта Костјук, ја совлада со 2:0, во сетови 6:2 и 6:3, а мечот траеше час и половина.
За оваа пресметка повеќе се зборуваше за она што се случи на крајот на мечот, отколку за текот на истиот. Украинката по завршување на мечот не се ракуваше со Азаренка, ги искористи рекетот за да им честита.
Добро е познато дека Украинците одбиваат да играат против Руси, а додека не се пријателски настроени ниту кон Белорусите, кои исто така ги сметаат за виновни поради агресијата врз нивната земја.
For the armed forces of Ukraine 🇺🇦
Kostyuk-Azarenka handshake aka cold racquet tap pic.twitter.com/EJHCp22i19
— JB (@Brar_JSB) September 1, 2022