Аспас погодуваше за победа на Селта и за историја (видео)

145

Напаѓачот Иаго Аспас постигна два гола во победата на Селта над Кадиз со 3:0 во меч од 4. коло на шпанската Ла Лига. Аспас е вистинска легенда на клубот од Виго, а вечерва испиша историја затоа што е првиот фудбалер на клубот кој постигнувал голови на првите четири меча од сезоната во шпанското елитно првенство.
Тој даде по еден гол против Еспањол, Реал Мадрид, Џирона и сега против Кадиз. Инаку ова е втора победа на Селта сезонава по онаа над Џирона минатото коло.
Инаку, сите три гола на мечот со Кадиз паднаа во второто полувреме. Аспас отвори во 56. минута, зголеми Родригез во 62. минута, а заокружи Аспас во 75. минута.

ПретходноВалтер: Ја изгубивме самодовербата после две минути!
СледноСрбија со убедлив триумф го отвори настапот на Евробаскетот