Вертонген раскина со Бенфика и потпиша за најтрофејниот белгиски клуб

238

Искусниот одбранбен фудбалер Јан Вертонген го раскина договорот со Бенфика и како слободен фудбалер се пресели во Андерлехт. Белгискиот репрезентативец кој има речиси 140 настапи во дресот со националните обележја стави потпис на двегодишен договор со најтрофејниот белгиски клуб.

Вертонген доаѓа да ја зацврсти одбраната на Андерлехт кој последен пат бил шампион во сезоната 2016/17. Претходно тој играше за Ајакс и Тотенхем.

ПретходноКаракамишев и официјално со трансфер во Билис!
СледноМаркос Алонсо потпиша за Барселона