Маркос Алонсо потпиша за Барселона

202

Челзи и Маркос Алонсо споразумно го раскинаа договорот, па шпанскиот фудбалер како слободен агент се пресели во Барселона. Левиот бек одамна беше поврзуван со клубот од „Ноу Камп“, а трансферот конечно денеска се реализира, па Алонсо стана играч на каталонскиот клуб.

Тој потпиша договор до 30 јуни 2023 година и има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Инаку Алонсо е дете на Реал Мадрид, играше за Б тимот, а само еднаш за најсилната екипа. Во 2010 година се пресели во Англија, прво отиде во Болтон, па потоа три сезони во Италија, во екипата на Фиорентина, па се врати назад во Англија во Сандерленд па во Челзи.

За Шпанија има девет натпревари.

Со Челзи ја освои титулата во Премиер лигата (2016/17), стана европски првак (2020/21), ја освои Лигата на Европа (2018/19), Светското клупско и УЕФА СУперкупот (двете во 2021 година).

ПретходноВертонген раскина со Бенфика и потпиша за најтрофејниот белгиски клуб
СледноВеспрем е друга „планета“, Е.Пелистер ќе се бори за бронзата во Задар!