Садио Мане изненади со својата одлука кога на крајот на минатата сезона одлучи да го напушти Ливерпул и да се пресели во редовите на Баерн Минхен. Сенегалецот не го продолжи договорот со „црвените“ кој завршуваше во 2023 година и го облече дресот на баварскиот гигант за 35 милиони евра, во овој тим дојде како замена за Роберт Левандовски.
30-годишниот фудбалер потпиша договор со Баварците до летото 2025 година, но јасно е дека Ливерпул ќе остане во неговото срце бидејќи шест години го носеше дресот на англискиот клуб.
Колку Мане го сака и почитува Ливерпул најдобро покажа видеото кое синоќа се појави на социјалните мрежи.
Имено, додека им даваше автограми на навивачите на Баерн, еден од нив излезе со знамето на Ливерпул и побара да го потпише, реакцијата на Сенегалецот ги воодушеви навивачите на англискиот клуб.
Кога го виде знамето на својот поранешен клуб, Мане се насмеа и без проблем го стави својот потпис иако сега е член на друг клуб.
Sadio ❤️ pic.twitter.com/GkKvOb2lCp
— Watch LFC (@Watch_LFC) September 2, 2022