Нено со „седумка“ тргна во Уникс Казан

212

Ненад Димитријевиќ немаше многу време за одмор. По завршувањето на репрезентативните обврски, нашиот најдобар кошаркар веднаш му се приклучи на новиот тим Уникс Казан.

Само неколку дена по пристигнувањето, Нено го одигра првиот меч. Рускиот клуб го совлада Зенит со 72-63 на првиот од двата пријателски мечеви во рамките на подготовките за новата сезона.

Димитријевиќ запиша седум поени и пет асистенции, Мејкон со 21 поен беше прв стрелец.

Двата тима одново ќе ги одмерат силите утре.

ПретходноОставете да не знаеме ништо, им порака Нуркиќ на новинарите!
СледноЗаврши преодниот рок: Погледнете ги најскапите трансфери!