Пешевски: Веспрем е противник од светска класа, останува во недела да го обелиме образот!

112

Е.Пелистер не беше ниту близу до посакуваното изнендување против Веспрем во второто полуфинале на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Македонскиот вицепрвак беше совладан со убедливи 41-27, па во недела ќе игра против Нексе за бронзата во својот дебитански настап на завршницата во регионалното натпреварување.

„Едноставно Веспрем беше подобар противник, изгледаше подобро. Ние влеговме импресионирани со желба да се покажеме подобро светло. Мора да си признаеме дека Веспрем е противник од светска класа. Останува во недела да го обелиме образот против Нексе, кој е исто така одличен тим. Шансите на оваа средба се 50-50, ќе решаваат финеси“, изјави Пешевски, кој со пет гола беше втор стрелец кај Е.Пелистер. 

ПретходноЧелзи го претстави Денис Закарија
СледноРојс со својот 146. бундеслигашки гол му донесе победа на Дортмунд (видео)