Она што го најави “Спортмедиа“ пред неколку денови, од денеска е и официјално. Даниел Миловановиќ е најновото и најголемо засилување за тимот на Тиквеш во овој летен преоден рок. Младиот напаѓач кој неколку сезони играше одлилично во дресот на А. Пандев, потоа својата кариера ја продолжи во Залаегерсег од Унгарија.
Да потсетиме дека тој е дете на Тиквеш, каде ги направи првите фудбалски чекори а за тимот од Кавадарци ќе игра како позајмен играч на Залаегерсег.