УЕФА казни осум клубови кои ги прекршила правилата на финансискиот фер-пклеј, па така на листата се најдоа Милан, Интер, Јувентус, Рома, ПСЖ, Монако, Бешикташ и Марсеј. Вкупната казна што сите овие клубови ќе ја платат изнесува 172 милиони евра, а УЕФА ќе ги наплати така што ќе им ги одземе паричните награди кои ги доделува преку европските купови.
Најголема санкција доби францускиот шампион ПСЖ на кого му е изречена парична казна од 65 милиони евра, следува Рома со 35 милиони евра, па Интер со 26, Јувентус 23, а Милан треба да плати 15 милиони евра.
Полесно поминаа Бешикташ кој ќе треба да плати 4 милиони евра, а Марсеј и Монако по два милиони евра.