Челзи го претстави Денис Закарија

183

Швајцарскиот дефанзивен играч за врска Денис Закарија во новата сезона ќе ги брани боите на Челзи. Тој доби дозвола да го напушти Јувентус и како позајмен играч се пресели во редовите на тимот од „Стемфорд бриџ“ со опција за откуп на договорот по истекот на позајмицата.

Закарија дојде во Јуве во јануари 2022 година, но не се снајде најдобро во редовите на италијанскиот клуб. Ќе видиме како ќе биде во Челзи

Инаку Закарија пред Јувентус, играше за Борусија Менхенгладбах и Јанг Бојс.

Во меѓувреме од Челзи соопштија дека го продолжиле договорот со младиот фудбалер Армандо Броја до 2028 година.

 

ПретходноВеспрем е друга „планета“, Е.Пелистер ќе се бори за бронзата во Задар!
СледноПешевски: Веспрем е противник од светска класа, останува во недела да го обелиме образот!