Чупиќ и Дибиров го „лансираа“ ППД Загреб во СЕХА-финалето

186

ППД Загреб ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, која се одржува во Задар. „Плинарите“ беа подобри од Нексе со , дуел кој беше решен во првото полувреме.

Лидери во редовите на победникот беше екс-тандемот на Вардар. Иван Чупиќ и Тимур Дибиров на теренот функционираа одлично, првиот постигна седум голови, вториот шест погодоци.

По изедначената игра во воведниот дел, ППД Загреб со серија од 5-0 успеа да поведе со 6-11, нешто подоцна беше и плус шест 7-13, на одморот резултатот беше 11-16 во корист на тимот на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван.

Во продолжение беше чиста формалност, Нексе немаше многу простор за кам-бек во мечот, иако темпото во редовите на „плинарите“ на момент падна.

ППД Загреб во финалето ќе игра со подобриот од Веспрем и Е.Пелистер, дуел кој стартува во 20:30 часот.

ПретходноШкупи му “раскина“ на Каланоски!
СледноТиквеш го промовираше Даниел Миловановиќ!