Шкупи му “раскина“ на Каланоски!

681

Антонио Каланоски не е веќе дел од шампионскиот тим на Шкупи. Имено искусниот напаѓач по само два месеци престој на Чаир од денеска може слободно да си бара нова средина. Оваа вест ја објавија челниците на Шкупи, кои истакнаа дека договорот со Каланоски е раскинат. Да кажеме дека тој во Шкупи дојде од Силекс.

Инаку по заминувањето на Седлоски пред два дена, ова е прво заминување на некој од играчите кои беа дел од тимот. Дали ќе има нови заминувања, останува да се види. Имено преодниот рок кај нас трае до 6 септември.

ПретходноГвардиола: Пред еден месец се коментираше дека Халанд е катастрофа, а сега…
СледноЧупиќ и Дибиров го „лансираа“ ППД Загреб во СЕХА-финалето