Искусниот одбранбен фудбалер Јан Вертонген го раскина договорот со Бенфика и како слободен фудбалер се пресели во Андерлехт. Белгискиот репрезентативец кој има речиси 140 настапи во дресот со националните обележја стави потпис на двегодишен договор со најтрофејниот белгиски клуб.
Вертонген доаѓа да ја зацврсти одбраната на Андерлехт кој последен пат бил шампион во сезоната 2016/17. Претходно тој играше за Ајакс и Тотенхем.