Веспрем е друга „планета“, Е.Пелистер ќе се бори за бронзата во Задар!

1391

Е.Пелистер не успеа да приреди изненадување во полуфиналната пресметка против Веспрем во дебито на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Битолскиот тим немаше сили, ниту пак шанса да му парира на унгарскиот состав, кој беше преголем залак за македонскиот вицепрвак. Овој дуел заврши со убедливи 41-27 за Веспрем, кој во финалето ќе игра против ППД Загреб и ќе се обиде да се израмни со Вардар 1961 по бројот на титули, додека пак битолчани против Нексе ќе се борат за бронзата, овие средби се закажани за во недела.

Хосни со шест гола беше прв стрелец, по пет имаа Пешевски и Сери имаа по пет погодоци.

Ракометарите на Е.Пелистер беа рамноправен противник во воведните минути, по што Веспрем на дело ја демонстрираше својата сила, со серија од 4-0 поведе со 9-5 и фати ритам. Набрзо дојде на плус осум (21-13), на одморот беше истата негатива (24-16).

Во вториот дел, унгарскиот тим по само пет минути игра поведе со двоцифрена разлика (29-18), во 42 минута на семафорот стоеја високи 34-20. Тука беше крајот на оваа средба.

ПретходноМаркос Алонсо потпиша за Барселона
СледноЧелзи го претстави Денис Закарија