Гвардиола: Пред еден месец се коментираше дека Халанд е катастрофа, а сега…

324

Пеп Гвардиола полека,полека но сигурно ги смирува страстите околу Ерлинг Халанд и неговиот рекорд. Имено Норвежанецот во првите пет кола постигна дури девет голови. Сега сиот фудбалски свет е импресиониран од Халанд, сите предвидуваат дека тој и натаму ќе урива рекорди.

За тоа што мисли за својот напаѓач, Пеп покрај другото истакна:

Па нели Халанд до пред еден месец беше катастрофа, така сите коментираа, а сега? Сега сите мислат дека тој буквално ќе го урне сите рекорди. Јас не знам дали тоа ќе се случи, јас не знам што ќе се случи утре а камо ли по неколку месеци. Можам да кажам дека купивме двајца фантастични напаѓачи, Халанд и Алварез, кои и тоа како ќе му помогнат на тимот да ги оствари своите амбиции“ посочи Пеп.

ПретходноОфицијално: Стефан Спировски во Пјуник!
СледноШкупи му “раскина“ на Каланоски!