Голема самодоверба владее во Е.Пелистер 2: Играме дома, ќе победиме со четири и повеќе гола разлика!

108

Е.Пелистер 2 во недела на домашен терен го игра реванш дуелот со Алпла во рамките на квалификациското коло во Европската лига. Вториот битолски тим добро се држеше на гостувањето во Австрија, иако пред самиот крај падна темпото, сепак успеа да се избори за негатива од три гола (24-21), која ќе треба да ја анулира доколку сака да направи уште еден голем чекор.

Атмосферата во таборот на Е.Пелистер 2 на завидно ниво, младите момци не размислуваат за елиминација, напротив најавија победа.

„Очекувам перфектна вечер в недела. Искрено верувам дека ќе ги добиеме со помош на публиката. На наши грешки го загубивме натпреварот во Австрија. Се надевам дека ќе ги поправиме тие грешки, бидејќи добро го анализиравме противникот. Мислам дека ќе победиме со четири или повеќе гола разлика. Мислам дека треба да играме наша игра и да не мислиме многу на противикот“, изјави Иван Димитровски.

Публиката ќе биде најсилното оружје, ракометарите очекуваат максимална поддршка од трибините.

„Првите впечатоци се силни, најмногу заради тоа што мене тоа ми беше прв европски натпревар. Мислам дека можевме многу подобро и загубивме на нашите грешки. Ако секој го даде својот максимум и со помош на публиката можеме да ги победиме. Добро се држевме во одбраната во Австрија, но многу грешевме во нападот и затоа загубивме. Можеме да им парираме и многу подобро ќе биде на реваншот во Битола“, вели Павле Петровиќ.

Билетите за оваа средба се продаваат по цена од 150 денари.

Претходно“Трансфермаркт“ објави ПЕНЗИЈА на Горан Пандев! (ФОТО)
СледноКирјос ја доби најголемата казна во историјата на УС Опен! (ВИДЕО)