Гордана Нацева ќе биде амбасадор на Македонија на Европското првенство!

167

РФМ на големо се подготвува за големиот предизви, Европското сениорско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во три земји: Македонија, Словенија и Црна Гора. Скопје покрај тоа што ќе биде домаќин на групната фаза, во нашиот главен град ќе се одржи и главната рунда, по што најдобрите се селат во Љубљана.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов истакна дека мора да се продолжи да се работи посветено на организирање на ЕП, бидејќи стандардите на ЕХФ сите знаеме дека се на стрикно ниво. Побара од сите вклучено да се подигне нивото, да се работи свесно и посветено.

ЕХФ од земјите организатори побара да одберат еден амбасадор. Гордана Нацева, поранешната репрезентативка ќе биде амбасадорот на Макеоднија.

„Пред да се заблагодарам за амбасадор на првенството. Да го изразам задоволството за динамичниот Управен одбор, драго ми е што присуствував за време на анализите на машките и женските национални тимови. Поздрав до Савевски, до Бранче и Раде, прават неверојатно нешто со репрезентациите, исто поздрав до Лазаров. Со ваква посветеност ќе остане број еден федерација во Македонија.

Ова е голема привилегија, задоволство, чест и одговорност, секогаш сум сакала да ја преставам Македонија во најдобро светло, резултатски и вака како држава“, рече Нацева. 

ПретходноСилекс го потврди Николиќ
СледноЛахланд Андерсон со кам бек во ТФТ