Еден од најдобрите поединци кои некогаш го носеле дресот на тимот на ТФТ, интернационалецот од Австралија Лахланд Андерсон, повторно ќе биде дел од тимот од населбата Тафталиџе.
По премиерната сезона во која тој беше еден од најдобрите поединци со просек од 17.2 поени, 4.6 скока и 1.5 асистенција тој замина во Литванија, но управата на клубот одлучи дека повторно има потреба од него затоа што Тревор Џасински ги скина лигаментите на коленото и долго ќе биде отсутен.
Андресон секако дека е голем плус за тимот во овој момент, и го подига квалитетот на истиот на едно сосема поинакво ниво.