Босна и Херцеговина со победа над Унгарија (95-85) го отвори Европското првенство.
Лидер на Бих беше НБА центарот, Јусуф Нуркиќ, кој постигна 19 поени, а после мечот даде интересна изјава.
На прашањето дали знае дека неговата земја е ставена во друштвото на потенцијални изненадувања, тој се насмеа и одговори.
„Не знам…најдобро е да не оставите да не знаеме ништо, ќе видиме што знаеме“, изјави Нуркиќ.
Босна игра во групата Б, заедно со Германија, Франција, Словенија и Литванија. Оваа група ја нарекуваат група на смртта.
„Не постои група на смртта, ако сакаме да ја направиме Босна среќна и народот да се чувствува гордо мораме да дадеме се од себе и покрај сите проблеми“.
БиХ на следниот меч игра против Германија во сабота.