Полска ја победи Чешка среде Прага!

64

Селекцијата на Полска со победа го стартуваше ЕВРО 2022 во кошарка. Доцна попладнево среде Прага, полјаците ја победи домашната селекција на Чешка со 99-84, значи само еден поен недостигаше да “пукне“ стотката.

Полска се покажа како подобар тим и тоа во текот на целиот меч, освен во втората четвртина во која домашните најавија пресврт, но Полска во второто полувреме повторно беше на ниво и успеа да дојде до висока и убедлива победа.

Кај победничкиот тим Понитка постигна 26 поени, додека Слоутер застана на 23. Тие беа предводниците на победата на Полска. Додека кај Чешка најдобар беше Весели со 17 поени.

ПретходноТиквеш го промовираше Даниел Миловановиќ!
СледноПромоција: Струга ТЛ се пофали со Едис Малиќи! (ВИДЕО)