Седницата на Управен Одбор при РФМ заврши со една убава вест. Првиот човек на нашата „куќа на ракометот“, Живко Мукаетов најави дека кон крајот на декември е во план да се организира ракометен спектакл, во кој ќе учествуваат поранешни репрезентативци и сегашни. Ова ќе биде меч од хуманитарен карактер, а на истиот РФМ ќе може да им се заблагодари на сите големи ракометни имиња кои придонеле за Македонија.
„На крајот на декември планираме спектакл на кој од една страна би биле сите репрезентативци кои не се активни 2009 година од Вараждин кои не ги испративме формално заедно со оние кои беа дел од националниот тим до скоро време, додека на друга страна ќе биде актуелната репрезентација.
Да се надеваме од аспект на Ковид ќе имаме полна сала ќе направиме заедничка хуманитарна мисија на општо задоволство на ракометниот свет, да ги собереме големи ѕзведи кои дале многу за Република македонија и македонскиот спорт, кои дале многу за нашата земја.
Би бил пресќен ако ги собереме сите Македонци на едно место, со што би било едно големо доживување за сите нас“, рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.