Ројс со својот 146. бундеслигашки гол му донесе победа на Дортмунд (видео)

65

Марко Ројс е човекот кој ги донесе трите бода за Борусија Дортмунд вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ против Хофенхајм во првиот меч од 5. коло во Бундес лигата.
Германскиот напаѓач погоди во 16. минута што е негов 146 гол во 345. меч во Бундес лигата. Тој погодок беше единствен на мечот за нови три бода за „милионерите“ кои имаат скор од четири победи и еден пораз и привремено се на првото место со 12 бода, два повеќе од Баерн и Унион Берлин ои се на второто и третото место.
Хофенхајм го впиша вториот пораз или прв по оној во воведното коло од Менхенгладбах. За крај еден интересен податок, Борусија Дортмунд ја продолжи серијата без порази на натпреварите што ги одиграла во петок на домашен терен. Тоа се 33 натпревари.
ФОТО: Twitter/BVB

ГОЛОТ НА РОЈС ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПешевски: Веспрем е противник од светска класа, останува во недела да го обелиме образот!
СледноВалтер: Ја изгубивме самодовербата после две минути!