Се покажа кога беше најпотребно: Јанис ја урна Хрватска!

142

Грција – Хрватска 89:85 е резултатот во првиот меч за двете селекции на ЕВРО 2022, меч кој се играше во Арената во Милано. Јанис Антетокунпо покажа класа, НБА – ѕвездата покажа кој е кој и покажа дека е најдобар кога беше најпотребно.

Ретко кој можеше да очекува ваков исход, ако се знае дека по првите две четвртини, Грција имаше водство и тоа огромно, Првиот период Јанис и другарите го добија со 24:16, вториот пак со 22:14. Но во продолжение од средбата “коцкестите“ тргнаа на се или ништо, одиграа навистина квалитетно и успеаја да го стигнат водството на Грците и тоа до 82:84.

Атракцијата на Јанис на една минута до крајот донесе водство од 86:84 за Грците, па така во последните педесетина секундио тие влегоа со четири поени разлика.Следуваа нови поени на мега – ѕвездата и тука беше се готово.

Грција ја извојува првата победа на ова ЕВРО 2022.

Јанис и Дорси кај Грците постигнаа по 27 поени, додека кај Хрватска најдобар поентер беше Смит со 23 реализирани поени.

ПретходноМакедонски младински репрезентативец потпиша за Сампдорија! (ФОТО)
СледноОфицијално: Стефан Спировски во Пјуник!