Силекс го потврди Николиќ

416

Тимот на Силекс и официјално потпиша договор со интернационалецот од Србија, Милош Николиќ. Откако Фарук Бихорац одлучи дека не сака повеќе да биде дел од тимот од Кратово, Силекс веднаш реагираше и доведе искусна замена на стоперската позиција. Николиќ досега играл во неколку познати клубови од Србија, а има и интернационална кариера во екипите на Спартак Трнава, Прибрам, Урарту.

Освен Николиќ ново име во Силекс од вчера е и Михаил Маневски кој доаѓа на позајмица од Шкендија.

 

ПретходноМукаетов: Презадоволен сум од 12. место на СП! Нека ми кажат во кој спорт и на кое поле во оваа држава сме биле подобри!
СледноГордана Нацева ќе биде амбасадор на Македонија на Европското првенство!