Кошаркарската репрезентација на Србија успешно го почна настапот на Европското првенство откако вечерва во Прага ја совладаа селекцијата на Холандија со резултат 100:76 во рамките на групата Д.
Србите немаа проблеми со Холанѓаните и ја оправдаа фаворитската улога. Василије Мициќ одигра одлична прва четвртина во која ги разигра речиси сите соиграчи и впиша дури седум асистенции, додека Јокиќ ја презема улогата на поентер и имаше 9 поени за тоа време.
На полувреме имаа двоцифрена предност, а во вториот дел избраниците на Пешиќ го контролираа мечот и рутински дојдоа до победата. Мициќ го заврши мечот со 15 поени и дури 12 асистенции. Маринковиќ постигна 18, Јокиќ 19 поени. Кај Холанѓаните најефиасен беше Врајс со 11 поени.
А на мечот од 1.коло во групата Ц Италија со 83:62 ја совлада Естонија. Кај победничкиот тим Фонтекио даде 19 поени, а Мели 17.