Новата сезона во Бунде-лигата и официјално стартуваше. Единствениот македонски ракометар кој остана да игра во ова силно натпреварување, Филип Кузмановски не беше во составот на Хановер во триумфот над Лајпциг(25-22).
Причината е повреда на тетивата која ја заработил на еден од последните тренинзи пред стартот на сезоната.
Според информациите од официјалната страница на македонскиот репрезентативец, тој ќе мора да паузира подолго, поточно кам-бекот на терените е највен за три до четири недели.