Горан Здравков: Го респектираме Вардар, но Детонит Плачковица си има свои сметки!

1138

Утре во меч од 3.коло во ВМФЛ фудбалски празник во Радовиш. На гости доаѓа Вардар, нашиот најтрофеен клуб и ќе му гостува на Детонит Плачковица, најпријатното изненадување во првите две кола во новата сезона. Имено четата на младиот и талентиран тренер Горан Здравков, во првите два меча славеше победа против Беласица со 2:0 и на гости кај Тетекс со 1:3, па така со максимални шест бода се наоѓа на делба на првото место на табелата. Ист таков биланс има и Вардар, а тоа значи дека утре се среќаваат две екипи кои досега имаат само победи.

Откако тргнавме во новата сезона со две победи полека но сигурно се загрева атмосферата, онаа фудбалска, во Радовиш. Секако дека за утрешниот меч со Вардар владее големо интересирање, ќе има доста публика а се најавени и гостинските фанови. Очекувам фудбалски спектакл за наши услови. Очекувам интересен и квалитетен натпревар“ вели Здравков.

Тој смета дека Вардар како име треба да се респектира, но и дека неговиот тим има свои сметки…

Да, да, апсолутно. Ние го почитуваме, го респектираме Вардар, но Детонит Плачковица си има свои сметки. Ние ќе одиграме најдобро што можеме, ќе го дадеме максимумот. Се надеваме дека тоа ќе биде доволно за да дојдеме до уште еден добар резултат. Рано е уште да се говори за тоа кои се нашите амбиции сезонава, добро тргнавме, ќе видиме како ќе биде понатаму. Важно е да се работи максимално, да се дава на секој тренинг, на секој меч својот максимум, резултатите сами по себе ќе си дојдат“ изјави Здравков за „Спортмедиа“.

May be an image of 4 people and text

ПретходноУрнебесно: Вака Гатузо ги дочекува новите играчи во Валенсија! (ВИДЕО)
СледноАдеми со специјален подарок за футсал Шкупи и “шверцери“! (ФОТО)