Летниот преоден рок и официјално е затворен во сите пет најсилни лиги во Европа. Во претходните денови бевме сведоци на интересни договори, во однос на најскапите трансфери на врвот на топ листата се англиските и шпански гигинати.
Челзи е единствениот тим ги има двата најскапи трансфери ова лето, а тоа се Фофана и Кукурела, кои ја засилија одбраната на премиер-лигашот за повеќе од 140 милиони евра.
НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ ОД ПРЕТОДНИОТ РОК
Антони, од Ајакс во Манчестер Јунајтед за 95.000.000 евра
Весли Фофана, од Лестер во Челзи за 80.500.000 евра
Орелиен Чуамени, од Монако во Реал за 80.000.000 евра
Дарвин Нуњез, од Бенфика во Ливерпул за 75.000.000 евра
Касемиро, од Реал во Манчестер Јунајтед за 70.650.000 евра
Александер Исак, од Реал С. во Њукасл за 70.000.000 евра
Најскапиот трансфер летово е трансферот на крилниот напаѓач Антони од Ајакс во Манчестер Јунајтед за нешто помалку од 100 милиони, а потоа следуваат Фофана, Чуамени, Нуњез и Касемиро. Топ 10 заедно со споменатата ја затвораат Александер Исак, Матијс де Лихт, Ерлинг Халанд и Ришарлисон.