Навивач стави знаме на Ливерпул пред Мане, кој пак воодушеви со својата реакција (ВИДЕО)

2143

Садио Мане изненади со својата одлука кога на крајот на минатата сезона одлучи да го напушти Ливерпул и да се пресели во редовите на Баерн Минхен. Сенегалецот не го продолжи договорот со „црвените“ кој завршуваше во 2023 година и го облече дресот на баварскиот гигант за 35 милиони евра, во овој тим дојде како замена за Роберт Левандовски.

30-годишниот фудбалер потпиша договор со Баварците до летото 2025 година, но јасно е дека Ливерпул ќе остане во неговото срце бидејќи шест години го носеше дресот на англискиот клуб.

Колку Мане го сака и почитува Ливерпул најдобро покажа видеото кое синоќа се појави на социјалните мрежи.

Имено, додека им даваше автограми на навивачите на Баерн, еден од нив излезе со знамето на Ливерпул и побара да го потпише, реакцијата на Сенегалецот ги воодушеви навивачите на англискиот клуб.

Кога го виде знамето на својот поранешен клуб, Мане се насмеа и без проблем го стави својот потпис иако сега е член на друг клуб.

ПретходноБлизок пријател на Шумахер открива: Корина не ми дозволи да дојдам во посета!
СледноСестрите Вилијамс го одиграа својот заеднички последен меч!