Ненад Димитријевиќ немаше многу време за одмор. По завршувањето на репрезентативните обврски, нашиот најдобар кошаркар веднаш му се приклучи на новиот тим Уникс Казан.
Само неколку дена по пристигнувањето, Нено го одигра првиот меч. Рускиот клуб го совлада Зенит со 72-63 на првиот од двата пријателски мечеви во рамките на подготовките за новата сезона.
Димитријевиќ запиша седум поени и пет асистенции, Мејкон со 21 поен беше прв стрелец.
Двата тима одново ќе ги одмерат силите утре.