Официјално: Стефан Спировски во Пјуник!

170

И официјално, нашиот репрезентативец Стефан Спировски својата кариера ќе ја продолжи во Пјуник, во најдобриот клуб во Ерменија. Она што се најавуваше и се оствари. Пјуник доби одличен играч за врска, а таму ќе го пречека Марјан Радески, кој за Пјуник потпиша пред неколку месеци.

Спировски и Радески ќе му помогнат на Пјуник да одигра квалитетни натпреври од групната фаза во Лигата на Конференции.

Спировски има богата кариера, посебно интернационална а беше дел и од оној супер – тим на Вардар кој пред пет години избори пласман во Лигата на Европа. Секако дека е стандарден репрезентативец на Македонија веќе подолго време.

No description available.

ПретходноСе покажа кога беше најпотребно: Јанис ја урна Хрватска!
СледноГвардиола: Пред еден месец се коментираше дека Халанд е катастрофа, а сега…