Сестрите Серена и Венус Вилијамс го завршија настапот на турнирот во двојки на УС Опен уште во првото коло, последниот Грен слем турнир годинава, но и последен во нивните големи кариери.
Двете најавија повлекување од професионалниот тенис, а ова им беше последен заеднички настап како двојка, загубија од Луција Храдецка и Линда Носкова со 7:6 (5) и 6:4.
Сестрите Вилијамс ја прифатија поканата на организаторот да настапат на турнирот во двојки УС Опен, а претходно последниот настап им беше на Ролан Гарос во Париз пред четири години. Во својата кариера освоија дури 14 Грен слем титули во двојки, четири пати славеа на Австралија Опен, два пати на Ролан Гарос, шест пати на Вимблдон и двапати на УС Опен (во 1999 и 2009 година).
Visited 1 times, 1 visit(s) today