Иако самиот сеуште официјално нема објавено дека е во фудбалска пензија, тоа секако дека се подразбира. Секако дека тука мислиме на Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер во историјата кој по цели 23 години професионална кариера ова му прво слободно лето. Нема клуб, а изгледа и тие неколку понуди што ги имаше ги одби, едноставно Гранде Пандев одлучи дека доста е. Во јули наполни 39 години, и секако дека доста е.
Инаку дека е во фудбалска пензија, доказ е и објавата на „Трансферкарт“, ако е тоа доказ кога вќе струмичанецот не се изјаснува јавно што и како во иднина.
Да потсетиме дека негов поледен клуб му беше Парма каде играше во пролетниот дел од минатата сезона.
Секако дека е рано за анализи, фељтони и осврти за се она што Гранде направи во фудбалот, ајде да почекаме тој јавно да каже дека заврши со играчката кариера.