Швајцарскиот дефанзивен играч за врска Денис Закарија во новата сезона ќе ги брани боите на Челзи. Тој доби дозвола да го напушти Јувентус и како позајмен играч се пресели во редовите на тимот од „Стемфорд бриџ“ со опција за откуп на договорот по истекот на позајмицата.
Закарија дојде во Јуве во јануари 2022 година, но не се снајде најдобро во редовите на италијанскиот клуб. Ќе видиме како ќе биде во Челзи
Инаку Закарија пред Јувентус, играше за Борусија Менхенгладбах и Јанг Бојс.
Во меѓувреме од Челзи соопштија дека го продолжиле договорот со младиот фудбалер Армандо Броја до 2028 година.