Бутел го доби дербито со Охрид, драмата во Радовиш без победник!

161

Дебито во групата А помеѓу Бутел Скопје и Охрид понуди вистинска драма, на крајот победата отиде на контото на домашниот тим, кој славеше со минимални 24-22. Ова беше меч со многу пресврти, бутелци од минус четири со серија од 5-0 успеаја да го вратат водството 21-20, а пред самиот крај да поведат со плус два 24-22, кои се покажаа како доволни за голема радост.

Почетокот на дуелот му припадна на домаќинот, поведе со 5-3, па 9-6. Позитивата ја одржуваше до полувремето. По 11-10, гостите на голема врата се вратија во дуелот, го превземаа водството, но при 16-20 паднаа, чин кој беше казнет.

Ѓеорѓиевски со осум гола и Мајиќ со седум го предводеа својот тим, на другата страна Бојаниќ имаше осум гола.

Во првиот меч од групата Б, Радовиш и Јуниор К.В ги поделија бодовите, дуелот заврши 22-22. И гостите и домаќинот имаа шанса за победа, се чинеше дека Радовиш ја има контролата на мечот, но пред самиот крај гостите се вратија, со серија од 4-1 поведоа со 18-19 за драма до последната секунда.

Постолов со девет гола беше прв стрелец кај домашниот тим, кај гостите исто толку погодоци имаше Матовиќ.

ПретходноГрузија немаше сили да ја запре Шпанија
СледноМладинскиот репрезентативец Елези му го расипа дебито на екс-селекторот Ангеловски (ВИДЕО)