Селекторот на Холандија Луис ван Гал повика пет нови фудбалери во репрезентацијата за претстојните натпревари против Полска и Белгија во Лигата на нациите. На 25 септември ќе играат дома со Белгија, а три дена претходно против Полска во Варшава.
Искусниот стручњак ги повика дебитантите Брајан Броби, Андрес Ноперт, Паскал Стајх, Кенет Тејлор и Џо Ферман. Броби и Тејлор се стартери кај Ајакс во новата сезона во Ердивизијата, а Ферман е клучен фудбалер во составот на ПСВ. Голманот Ноперт игра во Херенвен, а Стајх игра за англиски Лидс.
Some new names… 👀
This is our 𝗣𝗥𝗢𝗩𝗜𝗦𝗜𝗢𝗡𝗔𝗟 𝗦𝗤𝗨𝗔𝗗 for the #NationsLeague matches against 🇵🇱 & 🇧🇪!22/9 #POLNED • 25/9 #NEDBEL pic.twitter.com/MObNmp0qwU
— OnsOranje (@OnsOranje) September 2, 2022