Вардар само 1:1 во Радовиш против Детонит (ВИДЕО)

1318

Тимот на Вардар за прв пат сезонава не успеа да обезбеди победа во рамките од ВМФЛ Шампионатот. На гостувањето кај Детонит во Радовиш, Вардар одигра 1:1 и мораше да се задоволи само со бод.

Откако во првиот дел Николоски обезбеди пенал, Мицевски беше сигурен реализатор. Сепак, во вториот дел, по катастрофалната грешка на одбраната на Вардар, Андонов погоди за израмнување. До крајот на мечот, Вардар не создаде ситуација за ново водство, а домаќинот секако дека е презадоволен од ваквиот исход.

Тимот на Пелистер пак со голот на Дуков успеа да победи на тешкото гостување кај Аресими со минимални 0:1.

Резултати:

Детонит Плачковица – Вардар 1:1

Пехчево – Слога Виница 0:0

Борец – Тетекс 2:4

Каменица Саса – Воска Спорт 0:4

Беса – Гостивар 1:1

Аресими – Пелистер 0:1

Охрид – Кожуф 0:0

Караорман – Беласица 3:1

ПретходноФрајбург е лидер на табелата во Бундес лигата (ВИДЕО)
СледноЧелзи се спаси дома, Тотенхем со нов успех (ВИДЕО)