Вардар 1961 во Неготино ја почнува одбраната на тронот, Алкалоид дебитира во Прилеп!

98

Одморот и официјално заврши. Денеска стартува новата сезона во Супер-лига во која ќе учествуваат 16 екипи. Истите се поделени во две групи со по осум тимови, четирите најдобри од секоја ќе се борат во плеј-офот.

Бранител на титулата е Вардар 1961. И оваа сезона главната битка за тронот ќе се води меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер, со тоа што „црвено-црните“ за разлика од годините претходно ќе настапат во еден поинаков состав, со повеќе македонски ракометари, помалку искусни странци.

Прва станица во одбрана на титулата е Вардар Неготино, тим кој после долго време се врати во елитата, овој меч е закажан денеска со почеток во 18:30 часот.

„Почнуваме нова сезона во домашното првенство и без разлика на се нашата цел е иста, освојување на титулата и купот во Македонија. Тоа што сега нема да играме во европските купови ќе ни овозможи повеќе да се воигруваме и на младите да им даваме поголема шанса. Сакаме што повеќе млади играчи да бидат дел од првиот тим, а тоа ќе го направиме низ мечевите во првенството. Без разлика на се, никого нема да потценуваме ниту да се однесуваме како фаворити. Имаме добар тим и ќе сториме се да бидеме конкурентни и да играме добро”, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар 1961.

Во рамките на групата А, во центарот на вниманието е Алкалоид. Дебитантот во Супер-лигата, предводен од Кирил Лазаров ќе гостува во Прилеп. Ракометарите на Алкалоид за време на подготовките покажаа дека ќе бидат незгоден противник, иако во составот имаат само македонски играчи, што пак е главна цел засега на стартот на сезоната.

Дербито е во Бутел, таму скопскиот состав го пречекува Охрид.

Од групата Б денеска ќе се одигра само еден меч, меѓу Радовиќ и Јуниор К.В.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 1 – ГРУПА А

03.09.2022 – САБОТА
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК ВАРДАР 1961
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК АЛКАЛОИД
19:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД
04.09.2022 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК СТРУГА – МРК КУМАНОВО
СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 1 – ГРУПА Б
03.09.2022 – САБОТА
19:30 часот РК РАДОВИШ – РК ЈУНИОР К.В
05.09.2022 – ПОНЕДЕЛНИК
19:30 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ПРОЛЕТ 62
07.09.2022 – СРЕДА
16:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ 2014
19:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК СКОПЈЕ 2020
Претходно„Фул“ програма на ЕП: Франција и Литванија во директна битка за прва радост!
СледноМилан ги „пречкрта“ Ибрахимовиќ и уште петмина за мечевите од ЛШ