Агон Елези постигна два гола во победата на својот Вараждин од 2:1 против екипата на Горица на чија клупа од пред некој ден е поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.
Елези погодуи во 10. и 43. минута за Вараждин, додека Горица на Ангеловски до крајот на мечот успеа само да намалуи на 2:1 со голот на Јуриќ во 61. минута.
Горција по овој пораз останува претпоследна на табелата во хрватското првенство.