Радовиќ: Разочарани сме, но вртиме нов лист за дуелот со Нексе!

92

Е.Пелистер ќе се бори за бронзениот медал на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, за противник го има тимот на Нексе. По убедливиот пораз од Веспрем, македонскиот вицепрвак ќе има шанса денеска да се соземе и да се покаже во најдобро светло.

Капитенот на Е.Пелистер, Мирко Радовиќ не крие дека се разочарани од поразот од Веспрем, иако станува збор за силен тим.

„После секој пораз има разочарување кај нас, но вртиме нов лист за утрешниот меч. Ќе се обидеме во најдобар начин да го подготвиме. Нексе е слична екипа како нас, тие горе доле истата екипа од минатата сезона, додека кај нас има промени“, вели Радовиќ.

Вчера не беше нашата вистинска слика на теренот, можевме подобро, примивме лесни голови, а во одбраната има вистински проблем. Навистина не знам која е вистинската причина за ваквата игра, мора да се собереме, да видиме каде згрешивме. Од Веспрем може да научиме, треба да извадиме поука“, изјави Радовиќ.

Дуелот меѓу Нексе и Е.Пелистер за третото место е закажан со почеток во 16:30 часот.

 

ПретходноНејмар не може пониско: ПСЖ го понудиле Бразилецот, сите ги одбиле!
Следно„Фул“ програма на ЕП: Франција и Литванија во директна битка за прва радост!