Ван Гал повика пет нови играчи во репрезентацијата на Холандија

264

Селекторот на Холандија Луис ван Гал повика пет нови фудбалери во репрезентацијата за претстојните натпревари против Полска и Белгија во Лигата на нациите. На 25 септември ќе играат дома со Белгија, а три дена претходно против Полска во Варшава.
Искусниот стручњак ги повика дебитантите Брајан Броби, Андрес Ноперт, Паскал Стајх, Кенет Тејлор и Џо Ферман. Броби и Тејлор се стартери кај Ајакс во новата сезона во Ердивизијата, а Ферман е клучен фудбалер во составот на ПСВ. Голманот Ноперт игра во Херенвен, а Стајх игра за англиски Лидс.

ПретходноМладинскиот репрезентативец Елези му го расипа дебито на екс-селекторот Ангеловски (ВИДЕО)
СледноИнзаги по поразот во градското дерби: 30 минути не знаевме каде сме!