Верстапен најбрз на квалификациите на домашната патека во Холандија

112

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Холандија, 15-та од годинешниот шампионат во Формула 1.

Актуелниот шампион по четвртипат е најбрз во квалификациите сезонава, овој пат на домашен терен на патеката „Зандворт“. Верстапен беше подобар од Шарл Леклер на Ферари за само 21 илјадитинки во многу неизвесните квалификации во борбата за најдоброто стартно место.

Вториот возач на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, ќе стартува како трет, додека тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перес на крајот заврши како петти, меѓу двата Мерцедес болиди на Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Трката за ГН на Холандија започнува во недела во 15 часот.

ПретходноНеверојатниот Рафаел Леао за славје на Милан на „Дерби дела Мадонина“ (ВИДЕО)
СледноЏерард и Астон Вила го запреа шампионот и „разулавениот“ Халанд (ВИДЕО)